224
Овесната каша често се прави за појадок. Можете да купите готови, но домашната е многу подобра.
Состојки:
– 1 шолја овесна каша
– 1 шолја бадемово млеко
– 1/3 шолја боровинки
– 1/2 лажица мед
– 1/2 лажичка ванила
– прстофат сол
– малку цимет
– 2 лажици мелено ленено семе
– 12 бадеми
Подготовка:
Во сад ставете ги сите состојки освен семките од лен и бадемите и варете ги на умерена температура додека не омекнат боровинките, а кашата не стане компактна и кремаста.
Во свежо сварената каша додадете половина од мелените ленени семиња и измешајте.
Посипете ја кашата со преостанатите ленени семиња, сечканите бадеми и боровинки.
На здравје!