Овие 27 работи, веднаш исфрлете ги од домот

326 прегледи

Дури и кога сакаме да ги избегнеме по секоја цена, секогаш ни се собираат работи кои навистина не ни требаат. Во ормарон ни виси облека која не ја носиме, во кујната има садови кои не ги користиме. Решението е едноставни: исфрли се што не ти треба.

Следниве работи треба веднаш да ги исфрлите од вашиот дом:

Во кујната

Додека од надвор изгледа чисто, зад затворените ормари владее хаос. За да ја доведеш воред, тргни од собраните намирници, и тоа од оние расипаните до оние кои можат долго да стојат. Доколку не сте користеле шеќер во прав две години, нема ниту во наредните две.

Што можеш одма да отстраниш?
– Намирници на кои им истекол рокот, вишокот садови и шолји, работи кои не ги користиш, стари кујнски крпи и сунѓери, изгребани тефлонски тави.

Во дневната соба

За да ја средите дневната соба, најпрво исчистете ги површините кои се гледаат, столици, ормари. Потоа на ред доаѓаат затворените ормари па на крајот перниците и теписите кои си го ослужиле своето.

Што можеш одма да отстраниш?
– Стари ДВД и ЦД, кабли кои не служат за ништо, стари списанија, друштвени игри на кои им фалат делови, украси кои повеќе не се убави, стари и растргнати перници.

Во спалната соба

Откако ќе исчистите, освен што собара ќе изгледа поубаво, вие подобро ќе спиете. Почнете со креветот и фрлете се што е старо и повеќе не е убаво. Најчесто украсните перници треба да се менуваат бидејќи фаќаат прашина. Исто така доколку некоја книга не сте ја прочитале, ниту имате намера, тргнете ја.

Што можеш одма да отстраниш?
– Навлаки за кревет кои не одговараат со навлаките и перничињата, стари навлаки, овенати билки, книги кои нема да ги читате, наочари за читање со стари стакла.

Во ормарот

Никаде на друго место не се собираат непотребни работи како во ормарот. Но, тој е лесен за чистење, ви треба само време за да ја оделите облеката која ја носите, сте ја носеле и не ви треба и сезонската облека.

Што можеш одма да отстраниш?
– Облека и чевли кои повеќе не ви одговараат или се растегнати, работи кои не сте ги носеле со месеци, чорапи без пар, кутии од чевли, закачалки од хемиско, растргана бижутерија.

Во бањата

Постојат три места во тоалетот каде морате да направите ред: ормарот покрај огледалото, фиоките и туш-кабината. Исфрлете ги старите креми, креми за сончање со поминат ток, козметика која не ја користите. Доколку ја промените завесата за тушот, крпите и шешкирите, многу подобро ќе се чувствувате.

Што можеш одма да отстраниш?
– Стари лекарства, креми за сончање, козметика, кармини кои не ги сакаш, стари лакови за нокти, стари крпи, стари завеси за туш-кабината.

Слични содржини