Освен физичките карактеристики, од своите родители наследуваме и други нешта, како што се интелектуалната способност, како и одредени манири и начини на однесување.
Генетиката, како што знаеме, е доста сложена наука, но повеќе истражувања покажале дека овие четири нешта ги наследуваме од мајката.
Интелигенција
Според едно истражување на Унвиерзитетот во Глазгов, во кое учествувале 12.000 млади лица на возраст меѓу 14-22 години, најголемо генетско влијание врз интелигенцијата на детето има мајката. На сите учесници коефициентот на интелигенција им варирал неколку поени плус или минус во однос на оној на нивните мајки.
Навиките за спиење
Според магазинот „Sleep Medicine“, децата од мајката ги наследуваат навиките за спиење. Ако мајката тешко спие и има проблеми со несоница, големи се шансите тоа да го пренесе и на своите деца. Сосема мал процент на испитаници покажале поврзаност со спијачките навики на таткото.
Брзина на стареење
Гените на нашите мајки влијаат колку брзо ќе почнат да се познаваат знаците на стареењето и со колкав интензитет тоа ќе се одвива. Сепак, во оваа област се потребни дополнителни истражувања за да може да се постави точна теза.
Почетокот и текот на менопаузата
Како ќе ја доживувате менопаузата исто така зависи од мајката. Многубројни истражувања покажале дека ќерките покажуваат слични симптоми или пак, менопаузата им започнува на возраст блиска до онаа кога почнала на нивната мајка.