Овие две мега sвезди ќе го засенат Бајден на инаугурацијата

од Nikola Popovski

Актерот Том Хенкс ќе биде домаќин на свечената програма на 20 јануари, на денот на инаугурацијата на Џо Бајден, објавија организаторите на овој настан, а најновите имиња што се појавија се Џенифер Лопез и Лејди Гага.

Во специјалното шоу, кое ќе трае 90 минути и ќе се вика „Ја славиме Америка“, ќе учествуваат и некои други познати личности во САД, како што се Џон Бон Џови, Деми Ловато, Џастин Тимберлејк и Ент Клемонс, објави Ројтерс, а „ABC News“ додава дека ќе им се придружат Џенифер Лопез и Лејди Гага.

Бајден и потпретседателката Камала Харис ќе положат свечена заклетва тој ден и ќе одржат воведен говор на церемонијата.

Програмата ќе се емитува на CBS, ABC, CNN, NBC, MSNBC и ќе се емитува на YouTube, Facebook, Twitter и некои други онлајн платформи.

Слични содржини