Овие факти за холивудските хит-филмови досега не сте ги знаеле

од Elena Daskalova
409 прегледи

За време на снимањата на популарните холивудски филмови се случуваат многу интересни и невообичаени нешта, кои често остануваат скриени од јавноста.

Но, по некое време самите актери и продукции ги откриваат овие факти и случки, но и како успеале да ги надминат:

Форест Гамп (1994)

Том Хенкс потпишал договор со кој се откажува од хонорарот, но ако филмот стане успешен, ќе добие процент од заработката. Со оглед на тоа што филмот заработил 677 милиони долари само од билети, на неговата сметка „легнале“ 40 милиони долари.

Интерстелар (2014)

За потребите на филмот Нолан посадил полиња со пченка, а по снимањето, пченката е продадена по одлична сцена, што му донело и дополнителна заработка.

Роки 5 (1985)

Сталоне инсистирал на реални сцени со боксирање, за да може што пореално да се долови и болката и изразите на лицето. Но, по еден таков удар во стомакот, завршил на интензивна нега.

Исчезната (2014)

Снимањето било прекинато на неколку дена откако Бен Афлек одбил да носи капче со симболот на „Њујорк јенкис“, бидејќи е навивач на тимот „Ред сокс“ од Бостон.

Ѓаволот носи Прада (2016)

Мерил Стрип ѝ рекла на Ен Хатавеј: „Мислам дека си совршена за оваа улога и среќна сум што работиме заедно и ова е најверојатно единственото убаво нешто што ќе ти го кажам до крајот на снимањето.“

Кум (1972)

Мачката која седи во скутот на Марлон Брандо не била дел од сценариото. Таа случајно се нашла на сетот, а Копола решил дека одлично се вклопува во историската сцена.

Слични содржини