Стрелец и Близнаци
Овие два знака се привлекуваат на сите полиња. Тие се физички создадени едни за други. Тие сакаат долги разговори, Близнаците се малку површни и сакаат да озборуваат, Стрелецот е искрен и темелен. Близнаците се секогаш подготвени за акција, тешко е да се присили Стрелецот да започне нешто ново и да ја менува својата рутина. Сепак, кога е со Близнаци, Стрелецот станува вистински авантурист.
Бик и Скорпија
Според астролозите, никој не може да го привлекува Бикот сексуално како Скорпијата. Ако се спојат, тие можат да бидат затворени во спалната соба со денови. Сè во врската за нив ќе изгледа фатално. Меѓутоа, кога ќе излезат меѓу пријателите, ќе видат дека се многу различни – Скорпијата е премногу брза за Бикот, а Бикот е премногу пасивен за Скорпијата. Ако тие се подготвени за промени, нивната врска сигурно ќе успее.
Јарец и Рак
Овие два знака совршено се надополнуваат. Студениот Јарец не може да одолее на емотивните испади на Ракот. Тие функционираат одлично во спалната соба, се надополнуваат едни со други. Меѓутоа, ако Ракот стане премногу „лелекав“ и започне да се жали дека Јарецот ја игнорира врската, тоа може лесно да заврши. Ако најдат заеднички јазик, можат да останат заедно со години.
Вага и Овен
Овенот толку неограничен и полн со енергија лесно може да падне во привлечност на префинетата Вага. Тие се толку различни што функционираат совршено, барем на почетокот на врската. Сепак, постојаноста на Вагата лесно може да му здосади на Овенот. Ако Вагата малку попушти, може да ужива во најдобрата врска во животот.
Риби и Девица
Сè е толку лесно за Рибите во животот. Родени се со доза на оптимизам и ништо не може да им го расипе доброто расположение. Девицата сака работа, ред и дисциплина, потоа повторно работи, па наредува … Ако се сретне со Риби, може да отстапи од своите правила, барем на почетокот на врската. Тоа ќе биде совршена врска, која може да трае ако се најде компромис.
Лав и Водолија
Водолијата не признава авторитети, Лавот само за тоа живее- да командува и да владее. Меѓутоа, ако дозволи уметничката Водолија да влезе во неговиот воен поредок, неговото владеење е готово. Неговиот татнеж станува шепот и тој ќе ги запознае Водолиите со сите привлечности на слободното однесување. Совршена авантура.