Овие избори се многу битни за имиџот на државата, порача Ахмети

од Vladimir Zorba
126 прегледи

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по гласањето на избирачкото место во Зајас, повика денот да мине мирно, без инциденти, како што поминала и изборната кампања.

– Како што имавме мирна кампања, мирно нека помине и овој ден. Вечер, во согласност со сите демократски стандарди, политичките субјекти да ги признаат изборните резултати. Овие избори се многу битни за имиџот на државата, но и за понатамошните демократски процеси – рече Ахмети./Meта