Во морето љубовни совети кои ги примаме веруваме слепо, а можеби и не треба. Ова се главните три кои не треба да ги прифатиме.
Важно е да се сакате, ништо друго не е важно
Убаво е да се помине низ животот во романтичен дух, но колку и да е силна љубовта, за жал, од неа не се живее. Тажен факт е дека можете некого да сакате лудо, и дека тој е тотално погрешен избор за вас, од повеќе причини. Ако не ве почитува, не ве цени и ве омаловажува, ако е агресивен и не ви посветува толку време колку што треба, не толерирајте го. Ќе има некој што ќе го направи сето ова и повеќе отколку што очекувате.
Љубовта не се бара, љубовта те наоѓа тебе
Секогаш истото друштво, на едно исто место, не е вистинското решение за наоѓање партнер. Обидете се да ги проширите хоризонтите. Променете го кафулето, јавете се на некое старо друштво што не сте го виделе одамна. Не двоумете се да запознаете нови луѓе во клубови и барови. Никогаш не знаете каде ќе го сретнете „вистинскиот“.
Намали ги очекувањата
Сосема е нормално и логично дека сакате партнер кој ќе ги исполнува критериумите за кои сметате дека се многу важни. Не треба да отстапувате од тоа, ниту да ги намалувате условите и да бидете со некој кој не е сличен на вас во важните работи. Подобро е да бидете сами отколку да трошите време на луѓе со кои не гледате иднина.