„Овие момци редовно изненадуваат“: Милевски го објави списокот за Бугарија и Грузија

од Берта Китинска
182 прегледи

Списокот неслучајно има 27 фудбалери, од причина што има проблеми и повреди, како и формата од која не сум задоволен. Овие момци веќе редовно ме изненадуваат, особено кога тимот се соочува со непланирани работи, кажа селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски објавувајќи го списокот со фудбалери за последните два натпревари против Грузија (23. септември) и Бугарија (26. септември) од групата 4 во Ц сегментот од Лига на нации.

Тој посочи дека не е задоволен од формата во која се наоѓа поголем дел од избраниците, потенцирајќи дека сите мора драстично да ја подигнат формата.

На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат следните 27 фудбалери:

Голмани:

Столе ДИМИТРИЕВСКИ (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан ШИШКОВСКИ (Докса, Кипар), Кристијан НАУМОВСКИ (Шкупи), Игор АЛЕКСОВСКИ (Работнички);

Одбрана:

Стефан РИСТОВСКИ (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко ВЕЛКОВСКИ (Ал Етифак, Саудиска Арабија), Висар МУСЛИУ (Инглоштат, Германија), Езѓан АЛИОСКИ (Фенербахче, Турција), Тодор ТОДОРОВСКИ (Сумгаит, Азербејџан), Стефан АШКОВСКИ (Ламиа, Грција), Никола СЕРАФИМОВ (МОЛ Види, Унгарија), Ѓоко ЗАЈКОВ (Ворскла, Украина), Бојан ДИМОСКИ (Академија Пандев);

Среден ред:

Елиф ЕЛМАС (Наполи, Италија), Енис БАРДИ (Трабзонспор, Турција), Аријан АДЕМИ (Динамо Загреб, Хрватска), Енис ФАЗЛАГИЌ (Дунајска Стреда, Словачка), Агон ЕЛЕЗИ (Вараждин, Хрватска), Јани АТАНАСОВ (Хајдук, Хрватска), Стефан СПИРОВСКИ (Пјуник, Ерменија);

Напад:

Милан РИСТОВСКИ (Спартак Трнава, Словачка), Бојан МИОВСКИ (Абердин, Шкотска), Дарко ЧУРЛИНОВ (Барнли, Англија), Александар ТРАЈКОВСКИ (Ал Фејха, Саудиска Арабија), Ваљон ЕТЕМИ (Истанбулспор, Турција), Дориан БАБУНСКИ (Дебрецин, Унгарија), Љупче ДОРИЕВ (Шкендија);

Слични содржини