Овие намирници имаат природни лаксативни својства

од Elena Daskalova
337 прегледи

Констипацијата е честа појава и речиси и да нема човек во светот кој го немал овој проблем.

Решението не секогаш е во фармацевтски производи. Некогаш треба да се направат промени во навиките за исхрана и да се вклучат намирници кои природно имаат лаксативни својства.

Еве кои се тие:

Вода – нема подобро решение за констипацијата од најприродното, обичната, свежа вода, која ја омекнува столицата и придонесува побрзо да помине низ цревата.

Листест зеленчук – спанаќ, блитва, рукола… сите овие имаат лаксативни својства, но кога ги јадете во помали количини. Ако претерате, може да имаат сосема спротивно дејство.

Алое вера – поради структурата слична на гел, алоето ја „подмачкува“ столицата и ја прави полесно проодна низ цревата и општо е добро за целиот дигестивен тракт.

Чиа – чиата, измешана во вода или друга течност, се претвора во желе, а токму тоа и ја прави корисна за нашето тело, особено за цревата.

Ленено семе – лененото семе испушта слузава материја која ја подобрува работата на цревата и придонесува за полесно празнење.

Некои овошја – кајсиите, смоквите, сливите, крушата, јаболката, сите овие овошја имаат природни лаксативни својства.

Слични содржини