Овие намирници не треба да ги чувате во фрижидер

од Stefanija Kuzmanovska
194 прегледи

Ако мислите дека сите намирници ќе траат подолго и ќе бидат свежи ако ги чувате во фрижидер, треба да знаете дека тоа не е така. Ова е особено точно за некои видови овошје.

Еве неколку видови на овошје што не треба да ги чувате во фрижидер.

Цреши
Во секое парче цреша има голема семка кое може да ја апсорбира студената температура во фрижидерот. Затоа, црешите можат да се оштетат од студот одвнатре, па да имаат чуден вкус.

Праски
Слично како и црешите. Праските се чувствителни на температура токму поради големите семки.

Лубеница
Лубеницата е вистинско освежување и десерт кога е добро изладена. Но, лубеницата која не е исечена не треба да се чува во фрижидер бидејќи тоа може да ги уништи антиоксидансите што ги содржи. Само откако ќе ја исечете лубеницата на парчиња, можете да ја чувате во фрижидер.

Јагоди и боровинки
Јагодите имаат многу краток рок на траење и затоа е добро да се консумираат што побрзо. Истото важи и за боровинките. Најдобро е да ги консумирате свежи. Се разбира, тоа е сосема друга приказна со замрзнатите боровинки.

Јаболка
Јаболката не треба да се чуваат во фрижидер поради други свежи производи. При ниски температури, јаболката испуштаат одреден тип на гас што може да го забрза зреењето на блиското овошје и зеленчук.

Банани
Експертите велат дека незрелите банани созреваат многу подобро на работната маса. Нивното ладење всушност може да го забави целиот процес. Исто така, зрелите банани не треба да се чуваат во фрижидер бидејќи студената и темна средина во него може да го забрза процесот на гниење.

Портокалите и лимоните
Ако чувате портокал во фрижидер, тој ќе го изгуби карактеристичниот вкус, пишува Healthybuilderz. Истото важи и за лимоните. Многу е подобро да се чуваат на работната плоча.

Слични содржини