Важноста на правилната хигиена во секојдневниот живот секако не треба да се потенцира, но дали знаете дека голем број луѓе не го мијат доволно темелно телото, па дури и целосно запоставуваат некои делови од телото?
Д-р Џен Кодл, која собра речиси 90 илјади следбеници и повеќе од 1,3 милиони лајкови на својот ТикТок профил, неодамна објави видео токму на оваа тема и откри дури пет делови од телото кои, како што објаснува, повеќето луѓе не ги мијат доволно добро.
„Огромното мнозинство луѓе не го мијат доволно папокот, зад увото, под ноктите, нозете и прстите. Сето тоа се делови од телото кои, за жал, се занемарени, а на нив често се таложат штетни бактерии и бројни нечистотии“, објаснува таа во видеото кое за кратко време стана вирално и моментално има 1,5 милиони прегледи, пренесува Индекс.хр.
@drjencaudle You’re Not Washing These Correctly 🤢 #wash #loofah #howtowash #fyp #fypシ #loofah #loofahtiktok #loofahsponge #loofahsoap #shower #howtobathe #howtoshowerproperly #bath #bathe #showertiktok #tiktoktaughtme