Овие пет нешта за ПМ10 честичките треба сите да ги знаеме

од Elena Daskalova
441 прегледи

Секоја зима голем дел од Македонците се соочуваат со големо загадување на воздухот, во кој има висока концентрација на ПМ10 отровни честички.

Повеќе од јасно е дека можат сериозно да го нарушат здравјето. Тие имаат 10 пати помала големина од пречникот на влакно од коса, кое илустративно, е широко околу 100 микрометри. Крупните честички се таложат во носниците, може да се заштитиме со маски, но од ПМ10 е невозможно.

1. Тие може да потекнуваат од микроскопски честици прашина, тешки метали, да се создадат при согорување на различни материјали, при реакција со киселини…

2. Кога ги има од 0 до 20 микрограми во метар кубен, тогаш квалитетот на воздухот е одличен. До 40 микрограми на метар кубен е добар, до 50 е прифатлив, а над 50 микрограми е загаден.

3. Листата на здравствени проблеми кои ги предизвикуваат ПМ10 честичките. Во зависност од нивниот состав, во вашето тело може да дојде до апсорпција на отрови, алергиски реакции, бактериски и габични инфекции

4. Имајте предвид дека обичните хируршки маски не помагаат при ПМ10 и дека мора да набавите специјални маски кои имаат својство на филтрирање на честичките.

5. Изворите на загадување се исто така многубројни. ПМ10 честичките може да потекнуват од најразлични извори, од термоелектрани, грејни тела, возила, шумски пожари, поленов прав, па дури и шминка и козметички производи.

Слични содржини