499
Не постои магичен пијалок кој може да ви помогне да ги симнете вишокот килограми. Нема пијалок што стимулира губење на маснотиите, вели д-р Мелани Бомер од болницата „Ленокс Хил“.
„Ако сакате да изгубите тежина, мора да постигнете дефицит на калории“, истакнува таа.
Со други зборови, треба да согорите повеќе калории отколку што внесувате во вашето тело, па затоа е важно да се држите подалеку од шеќерни и нездрави пијалоци.
Овие пијалоци се сметаат за најдобри за да ја угаснат жедта и да го намалат обемот на половината:
* Вода
* Млеко
* Вода со парчиња овошје по ваш избор
* Протеински шејкови
* Минерална вода
* Сок од зеленчук
* Пијалоци со електролити
* Чај
* Овошен сок (без додаден шеќер).