Овие работи ги користите секојдневно, а не сте ни свесни колку ѝ штетат на вашата кожа

407 прегледи

Ја чистите и негувате кожата секојдневно, внимавате на исхраната, но и понатаму ве вознемируваат акните и мирисерите кои постојано се појавуваат на вашето лице. За жал, со хигиената и исхраната постоијат многу други фактори кои влијаат врз кожата и ја уништуваат.

Овие три работи, повеќето, ги користите секојдневно, а не сте свесни дека ѝ штетат на вашата кожа.

Навлака за перница

Редовното менување на навлаката е многу важно за чистотата на лицето. За време на ноќта мртвите клетки од лицето сами се отстрануваат и паѓаат врз перницата. Со цел да не спиете на површина полна со бактерии, ве советуваме навлаката за перница да ја менувате два пати неделно.

Тастатурата на компјутерот

Можеби нема да верувате, но тастатурата може да содржи и до 20 пати повеќе бактерии од даската на тоалетната школка. Самиот овој податок треба да ви биде доволен знак за предупредување да ја чистите тастатурата барем еднаш во неделата.

Мобилен телефон

Освен бактериите, предолгата употреба да телефонот не е добра за вашата кожа и поради зрачењето кое може да презивика прерано стареење. Исто така, кога работите на телефон во темна просторија, намалете ја светлината што е можно повеќе бидејќи тоа го поттикнува создавањето на брчките околу очите.

Слични содржини