Германија е поим за економска стабилност, тоа не значи дека е така постојано и оти на сите во оваа земја им е добро. Во одредени професии платите се толку ниски што одвај може да ги покријат основните животни потреби.
Во последните неколку години германското стопанство е постојано на работ на рецесија, а во некои гранки се поделија илјадници откази.
Некои работни места, за кои постојано се бараат работници, се слабо платени и со заработката од нив едвај може да се протурка месецот.
Според Сојузното статистичко биро на Германија (Destatis), работните места поврзани со чистење се најслабо платените во Германија, со просечна бруто плата од 2.493 евра, пренесува Fenix-magazin.de.
И келнерите не се многу наградени
Од работни места во земјоделството, во просек месечно може да се заработат 2.531 евро бруто, а работата во туризмот, угостителството и хотелиерството носи, во просек, 2.634 евра бруто месечно.
Иако станува збор за прилично повисоки плати номинално отколку во Македонија, сепак во Германија трошоците се други, и иако не постои некој посебен пропис во Германија колку на поединец му е потребно за живот.
Инаку, моменталната саатнина во Германија е 12, 82 евра бруто. Наскоро ќе се зголеми на 13,9 евра, а подоцна и на 14,6 евра.
Бидејќи приходите треба да ги задоволат основните трошоци, како храна, домување и редовни месечни трошоци, во Германија се дава и безусловен основен доход, кој е наменет за самовработените и работниците со ниски плати.