Овие се земјите со убедливо најчудните традиции на прославување на Божиќ

од Nikola Popovski

Некои луѓе го слават Божиќ на начин кој е далеку од сите нас. Навикнати сме на еден воспоставен начин на прославување на божиќните и новогодишните празници. Додека овде и во регионот се поминуваат празниците со семејството и пријателите со многу храна и пијалоци, со песни и подароци под елката, ширум светот постојат различни необични и многу бизарни традиции… Естонците, на пример, планираат семејно патување и одмор во сауна.

Семејно излегување во сауна

Наместо да се собираат околу елката, семејствата низ Естонија се собираат голи во сауна и си ја бришат потта. Наводно, овој обичај им помага да ги отстранат злите духови и лошата крв во семејството. Во групните семејни сауни учествуваат потесното и поширокото семејство, тетки, чичковци, дедовци, баби, братучеди и внуци… Вистинска забава за целото семејство, во која може да се ужива цела година, но велат дека сауната на Божиќ е посебно искуство.

Ѓубрето ги зближува соседите

За празниците, семејствата низ Гватемала го собираат отпадот од домаќинството и го изнесуваат на улица и градат голем рид за да го запалат за да ги избркаат злите духови и лошата среќа. Ваквите собири се идеални за добрососедски односи. Најпрво со заеднички сили градат куп ѓубре кое потоа ритуално го запалија за да може да започне прославата на Божиќ. Само замислете како смрдеата се шири низ улиците – секако необичен пречек на Божиќ.

Се што сакам… е пржено пилешко!

Иако Божиќ во Јапонија е скромен, благодарение на добрата маркетинг кампања „Kurisumasu ni wa kentakkii“ (или Kentucky for Christmas) во 1974 година, традицијата сè уште постои во Јапонија на Бадник. Семејствата од земјата на изгрејсонцето се упатуваат кон нивниот локален „KFC“ за пржено пилешко.

Дали некој има уште гасеници?

Претходните традиции беа невообичаени, но најбизарната е онаа од Јужноафриканската Република. Што е Божиќ без храна и задоволства? Можете ли да го замислите Божиќ без изобилство на специјалитети? Во Јужноафриканската Република божиќните празници се слават со посебен деликатес кој сигурно нема да го најдете никаде на друго место во светот, поточно јадат пржени гасеници. Очигледно, нивниот најголем проблем е да обезбедат доволно залихи од оваа храна за време на празниците бидејќи сите сакаат да уживаат во овој деликатес за Божиќ.

Слични содржини