Ако сте истоштени од претерано пиење и имате чувство дека целиот викенд ќе го поминете во кревет, побарајте го „лекот“ во вашата кујна. Постојат одредени намирници кои можат да бидат одличен сојузник во борбата против мамурлакот и да ви помогнат побрзо да застанете на нозе.
„После период на обилно пиење, луѓето може да доживеат дехидрираност, гадење, главоболки и несоница. Клучно е да се хидрирате, па обидете се да пиете чаша вода помеѓу два алкохолни пијалока“, наведува за The Sun терапевтот Сијан Бејкер.
И, ако водата не беше доволна, а утрото по бурната ноќ копнеете да се опоравите, еве неколку намирници по кои би било добро да посегнете.
1. Банани
Пиењето алкохол може да создаде електролитен дисбаланс со зголемување на загубата на течности и лачењето на електролити, вели Сијан.
„Бананите содржат солидна количина на калиум, така што ќе помогнат во рамнотежата на нивото на електролити и ќе го забрза опоравувањето. Ако не сте љубител на банани, авокадото или друга храна богата со калиум исто така ќе помогнат“, објасни таа.
2. Спанаќ
Додека пиете алкохол, трошите магнезиум. Спанаќот ќе ви помогне да ги надополнувате резервите на магнезиум во вашето тело.
„Спанаќот има и антиинфламаторни својства, па затоа е добра основа за оброк што ќе ви помогне да го надминете мамурлакот. Додадете го во утринското смуди или салата за ручек“, предлага Сијан.
3. Ананас
Гадењето е многу чест симптом на мамурлак, а ананасот го содржи ензимот бромелаин, кој помага да се олесни варењето и да се намали притисокот врз црниот дроб.
4. Риба
Риба за вечера може да звучи како последното нешто што ќе го посакате ако ви е лошо, но токму тоа може да ве натера да се опоравите.
„Рибините протеини и маснотии ќе останат подолго во вашиот стомак, па затоа е добро да ги консумирате пред да започнете да пиете. Земањето капсули омега-3 и омега-6 пред и по пиењето алкохол, исто така, ќе ви помогне да го смирите стомакот“, истакнува Сијан.
5. Млечни производи
Млекото и јогуртите помагаат да се намалат ефектите на алкохолот и се одличен избор за подготовка на желудникот за алкохол.
6. Вода
Ако пиевте цела ноќ и повраќавте, изгубивте многу вода. Иако водата не е технички храна, таа помага да се ублажат ефектите од мамурлакот. Ако е можно, додадете малку сол и шеќер во чаша вода за да направите свој пијалок за рехидратација и заменете ги шеќерите и есенцијалните соли што ги изгубивте.
7. Ѓумбир
Сијан тврди дека јадењето ѓумбир го намалува чувството на гадење.
„Ѓумбирот го намалува воспалението и го смирува стомакот, па зошто да не го додадете во смути со овошје и зеленчук“, советува тој.