Сите понекогаш се чувствуваме несигурни, но има и такви кои постојано имаат помисла дека едноставно не се доволно добри за другите.
Овие три хороскопски знаци имаат најмногу проблеми со самодовербата.
Девици
И покрај аналитичкиот ум и сите други квалитети кои ги поседуваат, Девиците имаат проблеми со самодовербата. Тие се перфекционисти па никогаш не мислат дека се доволно добри.
Тие секогаш имаат впечаток дека другите ги осудуваат, па затоа не можат да се чувствуваат безбедно и опуштено. Постојано се загрижени дали ќе направат грешка, што доведува до стрес и обесхрабрување.
Рак
Ракот е исклучително чувствителен и емотивен знак. Овие луѓе се очајни да бидат сакани, што доведува до посесивно однесување. Често остануваат во лоши односи бидејќи не се ценат доволно себеси.
Тие обично се убедуваат себеси дека се среќни што се во каква било врска, дури и ако таа не е здрава. Бидејќи имаат толку ниско мислење за себе, тие исто така може да имаат тешкотии да стекнат доверба во другите.
Риби
Рибите се многу погодени од туѓите зборови. Доколку слушнат непријатни коментари за себе, тоа сериозно ќе влијае на нивната самодоверба.
И покрај тоа, тие не сакаат да ги споделат своите емоции со другите, туку се обидуваат да ги скријат. Тие често се со недоверба и се сомневаат дека најблиските ги критикуваат зад грб.