Филмот „The Dark Knight Rises“ е прогласен за најдобар филм во последните десет години според големата анкета која ја спроведе Lad Bible.
Под режисерската палка на извонредниот Кристофер Нолан, ретко кој филм не станува првак на разни листи, а така и кај овој хит од 2012 година за која заедно со пратот Џонатан го напишале сценариото.
Бетмен во филмот го глуми еден од најдобрите холивудски актери, Крситијан Бејл, а тука се и останатите великани како Гари Олдмен, Том Харди, Морган Фриман и Ен Хетавеј.
На второ месо се најде „Wolf of Wall Street“, а на третото, повторно еден од успешните филмови на Нолан, „Inception“.
Across the week you've voted for the best film of the decade. Here are the finalists. pic.twitter.com/fzXcQabp40
— LADbible (@ladbible) December 20, 2019
За најдобар филм на деценијата гласале вкупно 11.694 луѓе.