Витаминот Б9 или фолната киселина е важна компонента која ги активира метаболичките процеси во човечкото тело. Учествува во производството на клетките на имунолошкиот систем, а со тоа го одржува доброто здравје и го спречува предвременото стареење.
Исто така е неопходна супстанција за стабилно функционирање на репродуктивниот систем на жената, па затоа се препишува за време на бременост и по 40-45 години за профилактички цели.
Учествува во формирањето на еритроцитите и затоа е важна состојка, а служи за нормално функционирање на мозокот, а важен е и за менталното и емоционалното здравје. Спречува замор, несоница и депресија. Овој вреден витамин ја поддржува функцијата на срцевиот мускул, покажа една неодамнешна студија. Го стимулира протокот на кислород и хранливи материи, го подобрува составот на крвта. Човечкото тело го прима витаминот Б9 од храната, не го произведува сам. Го има во изобилство во овие намирници:
спанаќ, темно зелен лиснат зеленчук, грав, сој,а црниот дроб, пивски квасец, житарки од цело зрно пченични никулци, млеко, леб, тестенини, лимон.
Препорачаната доза е обично 250 до 1000 микрограми дневно.