ОВОШЕН КОЛАЧ: Неодолива комбинација на крцкав и кремаст вкус

од Берта Китинска

Состојки:

3 поголеми јајца или 4 помали
2 чаши гриз
2 чаши брашно
1 шолја масло
1 шолја јогурт
1 чаша шеќер
1 прашок за пециво
кора од лимон
50 гр суво грозје
1 ванилин шеќер
грст сечкани ореви
600 гр овошје (можете да ставите сливи)

Подготовка:

Јајцата се матат со шеќер, се додаваат брашното, гризот, пецивото, маслото, јогуртот, лимонот и сувото грозје.

Истурете половина во тавче со дијаметар од 22 см обложено со хартија за печење.

Наредете половина од сливите, а преостанатиот дел од тестото ставете го и израмнете.

Одозгора додадете го вториот дел од сливите. Посипете ванилин шеќер и сечканите ореви.

Слични содржини