Покрај зеленчукот, овошјето е најпосакуваната храна на трпезата во текот на летната сезона, бидејќи е богато со антиоксиданси, витамини и минерали.
Овошјето му помага на телото да се ослободи од токсините акумулирани во текот на зимата. Како и во се, неопходно е да се најде вистинската мера во конзумирање овошје, бидејќи во спротивно, шеќерите што се во составот на овие намирници може да предизвикаат спротивен ефект.
Едно од решенијата може да биде комбинирање на свежо овошје со бадеми, ореви или суво овошје, кое е полно со влакна, протеини и маснотии кои спречуваат прекумерна апсорпција на шеќер, а исто така одржуваат ситост долго време. Затоа, најдобриот избор на овошје овие месеци би бил следниот:
Праски за подобро варење
Сто грама од ова овошје има само 30 калории, а влакната го забрзуваат варењето. Исто така, постои витамин Е, кој е важен за циркулацијата.
Јагоди против токсини
Полифенолите ја стимулираат работата на црниот дроб, но и елиминација на токсините и масните наслаги. Покрај тоа, јагодите поволно влијаат на дигестивниот систем.
Кајсии и витамин Б
Ова овошје содржи витамини Б, првенствено Б2 и Б3, кои учествуваат во метаболичките процеси.
Лубеница
Иако припаѓа на зеленчук, лубеницата ја јадеме како овошје. Освежува и е одлична за ослободување на вишок течности и токсини. Таа е богата со минерали, како што е калиумот, и не треба да го заборавиме витаминот Ц.