Овошје кое ја чисти крвта: Има само 43 калории

од Stefanija Kuzmanovska
411 прегледи

Тие се неверојатно лековити, имаат двојно повеќе витамин Ц од боровинките, a не се ни приближно популарни како малините.

Порано капините важеа за сезонско уживање, но денес во продавниците можеме да ги најдеме во текот на целата година. Покрај тоа што се вкусна закуска, тие имаат многу придобивки за нашето здравје благодарение на бројните хранливи материи кои ги содржат, известуваат од клиниката во Кливленд. Како што објаснуваат диететичарите, капините се богати со витамини, минерали, влакна и антиоксиданси.

Овие хранливи материи се неопходни за одржување на добро здравје, а сегашните истражувања покажуваат дека антиоксидансите во капините можат да го намалат воспалението и да спречат многу болести, вклучувајќи го и ракот. Капините исто така се нискокалорични, а една шака содржи само 43 калории.

Експертите велат дека оваа храна треба да се консумира што почесто пред се поради нејзините здравствени придобивки. Имено, како што велат, придобивките што ги носи редовното консумирање капини се следните:

– Намалување на воспалението во телото,
– Забрзување на метаболизмот,
– Поттикнување на губење на тежината,
– Ја чистат крвта,
– Го ублажуваат лошото варење,
– Го намалуваат ризикот од болести на срцето и циркулаторниот систем.

Освен што ги јадете како здрава ужина, капините се одлични и како додаток на јогурт за појадок или овошна салата за вечера.

Слични содржини