Овошје кое најмногу хидрира – спас за време на летните горештини

од Stefanija Kuzmanovska

Топлотниот бран ја зафати нашата земја и многумина на секој начин се обидуваат да се разладат и хидрираат.

Покрај водата, која ја пиеме секој ден, важно е да знаеме кои намирници дополнително ќе не хидрираат и да ги консумираме што е можно повеќе во долгите топли денови.

Лубеница
Очигледно е дека лубеницата е исклучително богата со вода, но оваа сочна храна е и меѓу најбогатите извори на ликопен, антиоксиданс кој помага во борбата против ракот и го има во црвеното овошје и зеленчук.

Богата е со витамин Ц, ги чисти бубрезите и уринарниот систем. Содржи дури 93 отсто вода, а токму оваа карактеристика ја прави одлично средство за чистење на организмот, но и за слабеење.

Покрај тоа што е моќен антиоксиданс, содржи есенцијални омега-6 и омега-9 масни киселини, цинк и ликопен. Сето ова ја прави лубеницата совршено средство за природна нега не само за лицето, туку и за кожата на целото тело.

Бобинки
Бобинките се одлични за хидратација. Малините и боровинките содржат околу 85 отсто вода, додека капините се малку подобри со 88,2 отсто.

Агруми
Сочните агруми можат да помогнат во намалувањето на холестеролот. Истражувачите велат дека соединенијата во ова овошје помагаат во согорувањето на мастите и го стабилизираат шеќерот во крвта.

Грејпфрутот, портокалите, лиметите, лимоните и другите агруми одлично го ладат телото. Тајната е во високата содржина на фитонутриенти како антоцијани, флавони, витамин Ц, полифеноли.

Цитрусното овошје е докажано дека го одржуваат здравјето на кожата и имунолошкиот систем, го стимулираат метаболизмот и ја подобруваат способноста на телото полесно да ги разградува мастите од храната.

Диња
Една четвртина од диња содржи само 50 калории, но обезбедува 100 отсто од препорачаната дневна доза на витамини А и Ц.

Ако ви здосади обичното сирово овошје, измешајте ја дињата со јогурт и замрзнете ја или натопете ја во сок од портокал и додадете нане за освежителен пијалок.

Праски и кајсии
Ако страдате од осип и сува кожа, тоа може да се должи на покачена температура, за која обично не сте свесни.

Вклучете праски во вашето мени бидејќи брзо ќе ги надополните калиумот, витаминот А и Б12 и другите хранливи материи кои помагаат да се одржи температурата на телото и да се подобри изгледот на кожата.

Кајсиите се исто така одлична природна помош за намалување на телесната температура и намалување на потењето.

Манго
Ако вашата кожа е сува, јадете манго. Мангото е богато со витамини и минерали, особено со витамин А, кој го нормализира производството и животниот век на клетките на кожата.

Го подобрува изгледот на кожата и помага во борбата против акните, бидејќи го спречува зголеменото производство на клетки на кожата. Познато е дека мртвите клетки во комбинација со себум (природно масло за кожа) ги затнуваат порите.

Слични содржини