Оздравени 210 заболени од Ковид-19

од Берта Китинска
179 прегледи

Денеска од Министерството за здравство информираа дека за 24 часа се регистрирани 210 оздравени пациенти.

Скопје – 108, Кавадарци – 28, Кичево – 8, Куманово – 7, Прилеп, Велес и Неготино – по 6 од секој град, Тетово и Струмица – по 5, Штип и Крива Паланка – по 4, Битола, Гевгелија и Ресен – по 3, Гостивар, Виница, Кратово и Пехчево – по 2, Охрид, Радовиш, Демир Капија, Свети Николе, Пробиштип и Кочани – по 1.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.196, бројката на оздравени пациенти е 83.634, на починати е 2.908, а бројот на активни случаи изнесува 7.654.

Слични содржини