Озлогласен музички менаџер заминува во пензија: Џастин Бибер, Аријана Гранде го напуштија…

од Vladimir Zorba
29,5K прегледи

Претприемачот, музички директор и менаџер Скутер Браун (42) откри дека повеќе нема да се занимава со музички менаџмент, откако го напуштија голем број ѕвезди, меѓу кои Џастин Бибер и Аријана Гранде. На Инстаграм сподели долга изјава и постара фотографија со Бибер. „После 23 години, ова поглавје како музички менаџер дојде до крајот“, напиша Браун, кој почна да работи како менаџер кога имал само 19 години.

– Чудно е чувството бидејќи мислам дека ова го посакувам веќе некое време, но искрено се плашев да одговорам на прашањето: „Кој би бил без нив?“. Навистина имав само 19 години кога почнав. Целиот мој возрасен живот играв улога на менаџер за уметници, на повик 24/7. И јас го сакав тоа 20 години. Тоа е се што знаев – рече тој и потоа додаде:

„Но, како што растат моите деца и додека мојот приватен живот трпеше некои удари, сфатив дека моите деца се три суперѕвезди кои не сакам да ги загубам. Жртвите што некогаш бев подготвен да ги направам веќе не се оправдани. Време е да започнам нова улога“.

Тој исто така истакна дека за овој потег размислувал подолго време, но се одлучил на тоа дури откако изгубил бројни големи и важни клиенти.

„Бог веќе некое време ме турка во оваа насока. Немам ништо друго освен љубов кон оние со кои сум работел низ годините, а сега кога имаме поинаков работен однос, секогаш ќе бидам во нивниот ќош да им помогнам и да ги поддржам, без разлика дали тоа е директно или оддалеку“, напиша тој.

Тој се потсети и на некои од ѕвездите со кои работел во текот на неговата кариера во музичкиот менаџмент, вклучувајќи ги Џеј Балвин, Деми Ловато, Мартин Гарикс, Дејвид Гета и други.

Им се обрати и на Џастин и на Аријана. „Да ги видам како стануваат легенди што се денес, засекогаш ќе биде мојата најголема чест“, напиша тој.

Скутер, вели тој, ќе се фокусира на неговата улога како извршен директор и член на одборот на Hybe America, која сè уште работи со Џастин Бибер и Аријана Гранде.

Да потсетиме дека во 2007 година, Браун на Јутјуб најде видео од Џастин Бибер, кој подоцна ќе стане негов најважен клиент. Тогаш 12-годишниот Џастин исполни песна од уметникот Не-Јо и го објави видеото на YouTube, а Скутер го препозна потенцијалот во него и веднаш почна да го бара.

Набргу потоа, Џастин потпиша со Raymond Braun Media Group предводена од Браун и Ашер и неговиот живот целосно се промени.

Веќе со својот прв албум стана светска ѕвезда, а денес е меѓу најпознатите пејачи.

Слични содржини