Многу контроверзните браќа Ендрју и Тристан Тејт во Букурешт прават подземен комплекс вреден 3,9 милиони долари, соопшти проектантот Рон Хабард, сопствени на една од најголемите компании во САД за подземни засолништа.
Комплексот ќе вклучува 10 спални соби, дневни соби и една соба за стриптиз.
Озлогласените браќа Ендрју и Тристан Тејт со години беа истражувани и обвинувани за насилство врз жени. Тие беа уапсени во Романија во 2022 година. Завршија на суд на 20 јуни 2023 година, под обвиненија за создавање организирана криминална група, трговија со луѓе, силувања, незаконски пристап до информациски системи, насилство и друго.
Сепак, во декември 2024 година, Апелацискиот суд во Букурешт го поништи обвинението и го врати случајот на Дирекцијата за истраги на организираниот криминал и тероризмот за да го почне отпочеток.