Озмец: Новинарите не можат да ги предвидат реакциите на социјалните мрежи по објавените информации

380 прегледи

Истражувачкиот новинар, Кристина Озмец во своето гостување вечерва во „Топ тема“, посочи што се случува кога се бараат одговори од институциите за хонорарци или вработени, но се осврна и на реакциите кои се будат по објавените вести на социјалните мрежи.

„Ние и порано побаравме одговори за целокупните хонорарни ангажмани и во министерствата и во Владата, но не добивме одговор. Затоа се важни и вработувањата, кои ги наложуваат кодексите. Мислам дека се случува голема пресија со случувањата на социјалните мрежи, во однос на говорот на омраза, насилството и сето останато. Новинарите не можат да предвидат и да се грижат за реакциите по објавениот текст, такашто она што се случува на социјалните мрежи е секогаш возможно на секој можен начин да се контролира“, истакна Озмец.

Слични содржини