Пациент избоде лекар во болница во Краков – докторот почина од здобиените повреди

од Љубиша Владимиров
8 прегледи

Пациент во болница во Полска, незадоволен од начинот на кој бил третиран, избодел лекар кој подоцна им подлегнал на повредите, соопшти денес Министерството за здравство. Полицијата извести дека осомничениот утрината провалил во Ортопедија на Универзитетската болница во Краков и влегол во ординацијата каде што биле докторот и неговиот пациент.

Маж неколку пати со остар предмет го избодел лекарот, ортопедски хирург, во пределот на стомакот. Иако повеќе од 20 колеги и медицински сестри веднаш се обидоа да му помогнат на докторот, тој им подлегна на тешките повреди. Обезбедувањето на болницата го совлада напаѓачот, а потоа го приведе. Директорот на болницата, Марчин Јендриховски, изјави дека пациентот нападнал лекар во болницата каде што претходно бил лекуван бидејќи не бил задоволен од третманот, а претходно поднел тужба против болницата кај адвокат за права на пациентите. Сепак, инспекцијата не откри никакви грешки во методот на лекување. Полската министерка за здравство Изабела Лешчина изјави дека е згрозена од нападот.

„Агресијата против оние кои се должни да ни ги спасат животите и да се грижат за нашето здравје е варварски чин и заслужува најголема казна“, напиша таа на X.

Слични содржини