Пациент нападнал лекар и полицаец во тетовската болница

Полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода М.М.(28) од село Челопек, по претходна пријава од Клиничката болница во Тетово

од Nikola Popovski
17 прегледи

Вчера, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода М.М.(28) од село Челопек, по претходна пријава од Клиничката болница во Тетово.

„На 14.10.2025 во 16 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода М. М. (28) од Челопек, постапувајќи по претходна пријава од Клиничката болница во Тетово дека агресивно се однесувал кон персоналот и физички го нападнал Л. А. (31) од с. Желино, лекар во болницата, додека тој се обидувал да му даде лекарска помош.

Исто така, по пристигнувањето на полициските службеници, М. М. агресивно се однесувал и кон нив и физички нападнал еден од полициските службеници“, соопштуваат од СВР Тетово.