Пациент почина без операција – СДСМ бара оставки, а Таравари повикува на трпение

од Љубиша Владимиров
104 прегледи

Пациентот кој почина на Клиниката за кардиохирургија бил хоспитализиран и третиран, но не бил подложен на хируршка интервенција. Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека одлуката да не се изврши операција ја донеле лекарите, а случајот сега ќе биде предмет на анализа од страна на стручна комисија. Тој нагласи дека нема ништо за криење и повика да се почека официјалниот извештај.

СДСМ, пак, остро реагираше и побара оставка од министерот Таравари, како и од директорот на Клиниката за кардиохирургија. Дополнително, ќе се истражува и улогата на приватната здравствена установа која го вратила пациентот, појаснувајќи дека таму интервенција на товар на Фондот не можела да се изведе, туку само со приватно плаќање.

Според наодите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, при контролата било утврдено дека ангиографската сала на Клиниката за кардиохирургија не била во функција, а немало ниту неопходни стентови за изведување на интервенцијата. Слична ситуација имало и на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, каде што исто така недостасувале стентграфтови, што дополнително ја ограничило можноста за навремена хируршка интервенција.

Слични содржини