135
Во Министерството за здравство денес беа примени на разговор претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза, пациенти и родители на деца со цистична фиброза.
Од ресорот велат дека целта на дискусијата била запознавање со процесот со кој М3, веќе активно работи на изнаоѓање сеопфатно решение за овие пациенти.
-За таа цел е ангажирана работна група која од пред две недели работи на случајот. Претставници од асоцијацијата, исто така, ќе бидат повикани и на состанок со работната група за директно да бидат вклучени и запознаени со предизвиците и чекорите потребни за да се стигне до решение за оваа ранлива категорија, соопштија од МЗ.