Пациентка од Љуботен почина во болницата „8 Септември“: Причината ќе се утврдува со обдукција

од Илинка Илиоска
100 прегледи

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека вчера од Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје било пријавено дека кај нив во Ургентниот центар, додека била во просторија за преглед, починала М.С.(43) од скопското село Љуботен.

Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.