Пад на бројките во најновата ковид-статистика. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.082 тестови, а регистрирани се 1.254 нови случаи на КОВИД-19. Само за споредба, вчерашната статистика покажа 1.837 новозаразени.
Билансот по градови изнесува Скопје – 655, Битола – 87, Куманово – 55, Тетово и Кавадарци – по 46, Прилеп – 40, Велес – 33, Штип – 31, Струмица – 30, Гевгелија – 29, Гостивар – 25, Неготино – 23, Кичево и Свети Николе – по 19, Охрид и Кочани – по 17, Ресен и Крива Паланка – по 12, Богданци – 9, Виница – 8, Струга – 6, Радовиш и Дебар – по 5, Делчево – 4, Крушево, Македонски Брод и Пехчево – по 3, Берово, Валандово, Кратово и Демир Хисар – по 2, Пробиштип, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.254), регистрирани се 169 реинфекции.
Регистрирани сe 28 оздравени пациенти од: Скопје – 14, Кочани – 5, Богданци – 3, Кичево, Гевгелија, Радовиш, Пробиштип, Кратово и Крушево – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.785.054 тестирања на КОВИД-19.