143
Од УХМР информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Врнежите наместа ќе бидат поројни, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава наград, особено во западните, централните и крајните северни делови.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени, а максималната ќе достигне 28.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината со услови за појава на невреме.
Температурата ќе стигне до 25 степени Целзиусови. Во споредба со претходниот период, дневната температура ќе опадне за 4 до 6 степени.
Од вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд.