238
Авион Боинг 737 на „Украина Интернешнел Ерлајнс“ паднал веднаш по полетувањето од Техеран, Иран, јавуваат светските медуми.
Авионот требало да лета од Техеран кон Киев, а најверојатно се срушил поради технички проблеми. Во авионот имало над 170 патници и членови на екипажот. Се стравува дека нема преживеани.
Според информациите кои ги сподели Би-Би-Си, не е познато дали уривањето на било кој начин е поврзано со нападот на американските воени бази во Ирак, кој се случи неколку часа пред да падне Боингот.
Од телевизијата додаваат дека авионот требало да полета во 5:15 часот, но летот бил одложен за 1 час.