Леброн Џејмс, најдобриот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, се согласи да ја продолжи соработката со актуелниот шампион во НБА лигата на уште две години, за максимални 85 милиони долари.
Веста за Атлетик НБА ја потврди извршниот директор на Клач Спорт и добро познатиот НБА агент, Рич Пол.
Џејмс се пресели во Лос Анџелес Лејкерс од Кливленд во 2018 година, а минатата сезона, во која популарните „Езерџии“ ја освоија 17-та шампионска титула, имаше просек од 25 поени, десет скока и близу осум асистенции по натпревар.
Информацијата дека Џејмс ќе добие вртоглави и максимални 85 милиони долари за следните две сезони, ја објави на социјалните мрежи инсајдерот од НБА, Шемс Чаранија.
Los Angeles Lakers star LeBron James has agreed to a two-year, $85 million maximum contract extension with the franchise, CEO of Klutch Sports, Rich Paul, told @TheAthleticNBA @Stadium.
— Shams Charania (@ShamsCharania) December 2, 2020