Падна договор за есенската кошничка со намалени цени

од Nikola Popovski
72 прегледи

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски откри дека вчера имало предлог од Министерството за економија и труд за есенската потрошувачка кошничка, кој што бил резултат на средбата меѓу надлежните со производителите и маркетите.

Според премиерот, постигнат е договор и истото тоа веќе ќе биде презентирано и одобрено на следната владина седница во вторник.

-Сакаме да ги помине и оние филтри како што се Генерален колегиум и Комисија за економски систем и веќе очекувам на следната владина седница да биде на дневен ред, рече Мицкоски.

Граѓаните со нетрпение ја очекуваат оваа мерка, која би требало значително да им ги намали трошоците за живот.

За Законот за нефер трговски практики што треба да стапи во сила од 28-ти овој месец, премиерот рече дека доколку не добијат конечен став од бизнис секторот, ќе се оди според предвидената динамика.

До вторник треба да биде познато кои прехранбени производи ќе бидат опфатени со есенската потрошувачка кошница и дали ќе се оди со мерка за замрзнување на цените или за ограничување на маржите. На ова во изминатиот период работеше работна група со претставници од Министерствата за економија, финансии и земјоделство.

Слични содржини