Падна дрво во Автокоманда, „Паркови и зеленило“ на терен

од Nikola Popovski
207 прегледи

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека преку единствениот број за итни повици Е-112 добиена била пријава за паднато дрво на бул. Александар Македонски близу паркингот на влезот на фабриката „Железара“ и „Железарија Јоле“ во населба Автокоманда.

-Веднаш по добиената информација од страна на Сектор за операции и координација се известени ЈП Паркови и зеленило кои испратија екипи и истите во моментот интервенираат во расчистување на паданатото дрво, појаснуваат од ЦУК.

Паднатото дрво не предизвика посериозна штета.

Како што претходно беше најавено, вчера се очекуваше силно невреме со дожд и ветер.

Слични содржини