Падна големата Германија: Елмас и Пандев за нова радост во квалификациите

463 прегледи

Македонија славеше вечерва на тешкото гостување кај апсолутниот фаворит Германија во третото коло од квалификациите за Светското првенство (СП).

Првото полувреме почна со неколку шанси на Германија, која ни ја затресе пречката, но не најде начин до мрежата на Столе Димитриевски, сепак казната стигна преку Горан Пандев, кој ни донесе водство од 1-0 пред самиот крај на првите 45 минути.

Во второто полувреме Германија израмни од пенал, по што на нашите репрезентативци не им беше досуден чист пенал, по играта со рака на Емре Чан.

Сепак, среќата нѐ посака во продолжение од второто полувреме, кога Елиф Елмас постигна гол за 2-1 со што ја сруши големата Германија.

Македонија по три одиграни меча има шест бодови, односно три помалку од лидерот Ерменија во групата.

Слични содржини