Падна одлука – на Ериксен ќе му биде вграден дефибрилатор

од Vladimir Zorba
275 прегледи

На Кристијан Ериксен ќе му биде вграден дефибрилатор кој ќе ги регулира неговите отчукувања на срцето во иднина, што е опција по колапсот на мечот против Финска.

Предводникот на данската репрезентација ќе помине низ оваа постапка, со цел да се спречат проблеми со срцето, што се случија за време на натпреварот од 1.коло на Европското првенство во Копенхаген.

Фудбалскиот сојуз на Данска потврди дека е постигнат договор со д-р Мортен Босен, но и со самиот Ериксен, кој ја прифати оваа опција.

Ова беше поддржано од дански и странски специјалисти.

„Лекарот на данската репрезентација, Мортен Босен, беше во контакт со специјалист по кардиологија во болницата „Ригоспиталет“ во Копенхаген. Ериксен беше подложен на сериозни анализи неколку дена, по што беше утврдено дека ќе мора да вгради дефибрилатор, што ќе спречи срцев проблем, што може да се случи во иднина. Откако Кристијан беше подложен на бројни прегледи на срцето, беше одлучено дека треба да му биде вграден ICD (дефибрилатор за срцева работа). Овој уред е неопходен по срцев удар поради проблеми со работата на срцето“, беше објавено.

Данците побараа почитување на приватноста на Ериксен и неговото семејство, самиот играч објави само една фотографија од болницата, што донесе воздишка на олеснување за неговите соиграчи, Данска и сите љубители на фудбалот ширум светот.

Слични содржини