Падна првиот снег на Пелистер

од Nikola Popovski
384 прегледи

Со почетокот на месец октомври и промената на временската состојба, регистриран е и првиот снег на планината Пелистер.

Снегот е последица на ниските температури, кои достигнаа и до три степени под нулата, а вакви температури ќе се задржат во земјава и наредниот период.

Под влијание на влажна воздушна маса и во следните денови времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, на места со пороен карактер и проследени со засилен ветер.

Фото: Бабам Битола.

Слични содржини