Падна системот на „Евзони“: Туристи чекаат повеќе од три часа за да влезат во Грција

од Nikola Popovski
720 прегледи

На граничниот премин „Евзони“ на влез во Грција, дошло до огромни гужви, а како што информираат туристи од земјава, но и од околните земји кои се во долгите колони, откажал системот на границата.

Како што јавуваат туристите кои заминале за Грција во Фејсбук групата „Грчка инфо“, чекањето кај Евзони може да трае и до три и пол часа.

На другиот граничен премин „Дојран“ возилата се задржуваат час помалку.

Според патниците, причината е пад на системот.

Долги колони возила чекаат и на граничниот премин „Прешево“, на влез од Србија кон Македонија.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Слични содржини