Падна таван на градинка во Скопје

од Берта Китинска
408 прегледи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил објави дека за време на викендот паднал таван во градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2.

„Среќа во несреќа е што во градинката „Мајски цвет“ (Карпош, Тафталиџе 2) таванот паднал за викендов, кога немало дечиња, и нема повредени, ниту жртви. Но, одговорност за ваквата ризична градба, за фушерајот за објект кој згрижува мали деца и за тендерот треба да има“, напиша Антонио Милошоски на Фејсбук.

Милошоски потсети дека имало дури пет активности при увидот во градбата и отворањето на оваа градинка.