324
Вечерва и беше изгласана недоверба на Владата на Црна Гора, благодарение на коалицијата Црно-бело на Дритан Абазовиќ и ДПС Мило Ѓукановиќ со останатите опозициски партии.
Така Владата на Здравко Кривокапиќ неславно го заврши својот мандат од само 14 месеци.За недоверба на Владата и гласаа 43 пратеници на опозицијата и пратеничкиот клуб „Црно-бело“.
Против беа 11 пратеници (Демократи, права и Обединета Црна Гора).Пред гласањето, пратениците на Демократскиот фронт (ДФ), Движењето за промени (ПзП) и Социјалистичката народна партија (СНП) ја напуштија пленарната сала.