ИТ инженерите работеа деноноќно против конкретниот хибриден напад над Фондот за здравствено осигурување, рече пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски во гостувањето на Канал 5.
-Треба да ги пофалиме овие луѓе кои работеа на серверот. Политиката не треба да е реално шоу. Овие луѓе никој не ги пофали, а тие работеа деноноќно. Еве веќе почна исплатата на платите, боледувањата и падна во вода лагата дека ја нема базата на податоци, рече Костовски.
Тој напомена дека се води нова, современа војна.
-Ние сме цел на хибридни закани. Ги има секаде во регионот и во Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина. Ние имавме и помош преку Европол, Интерпол… Ова ќе биде добра школа и секоја институција треба да вложува повеќе во сајбер заштита, рече Костовски.