Паднаа страниците на големите американски компании: На удар Мајкрософт, Гугл, Амазон…

од Nikola Popovski

Веб-страниците на голем број американски компании, вклучително и на некои од големите мултинационални корпорации, како што се Мајкрософт, Гугл, Амазон, Мекдоналдс, Федекс, Американ Експрес и други, имаа големи проблеми во нивната работа.

Многу корисници пријавија грешки што не им дозволуваа пристап до страниците на тие компании, објави „Downdetector“, страница што ги следи грешките на страниците.

Провајдерот на клауд сервисот Акамаи технолоџис издаде предупредување за грешките што се случуваат и објави дека тие се поправени по некое време и рече дека не станува збор за хакерски напад.

Корисниците на таа услуга пријавиле илјадници грешки за само неколку часа.

Ова е втора ваков масовен пад на системот во последните два месеци. Во јуни, голем број важни страници, вклучувајќи голем број меѓународни весници и владини веб-страници, паднаа поради падот на дел од сервисот Fastly. Во тој случај, подоцна се покажа дека промената на поставките на еден клиент несвесно ја нарушила целата инфраструктура.

Слични содржини