222
Министерството за внатрешни работи информира дека малолетник е примен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки повреди откако скокнал од трговски центар во скопската населба Гази Баба.
Според полицијата, настанот се случил на 07.09.2022 околу 17,15 часот.
-Во СВР Скопје било пријавено дека во трговски центар на подрачје на Гази Баба, 16-годишник од с.Буковиќ, скопско кој бил забележан од вработените и обезбедувањето на трговскиот центар дека извршил кривично дело „кражба“, при обид за бегство, како што е пријавено, скокнал од височина и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.