Доцна синоќа паднато дрво предизвикало спој во трафостаница во скопската населба Железара. Екипи на ЕВН веднаш биле на терен за отстранување на дефектот, а повик бил примен и во Противпожарна бригада на Скопје, од каде испратиле возило, но немало потреба од интервенција.
За настанот информираше и градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски, кој посочи дека на местото на настанот се упатиле и противпожарната единица и полицијата.
-Околу 23 часот настанал спој на далековод и дрво во Железара кој бил проследен со експлозија. Веднаш, на местото на настанот се упатија и противпожарната единица и полицијата. За среќа, нема повредени, а во моментов надвор од употреба е трафостаница на чија санација веќе работат екипи на ЕВН, напиша на Фејсбук Георгиевски.
Трета смена во железара pic.twitter.com/UcAAejlIuN
— masastolce (@masastolce) March 21, 2021